Втора победа во Подгорица - Вардарки поуспешни од Крим - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Втора победа во Подгорица – Вардарки поуспешни од Крим

Втора победа во Подгорица – Вардарки поуспешни од Крим

Ракометарките на Вардар во Подгорица  ја забележаа втората победа на првиот турнир од новата сезона во регионалната лига. По триумфот над домаќинот Будуќност во вчерашниот прв меч, во вториот дуел, денеска, Вардар славеше победа против Крим со 30-27.

Иако настапија во речиси преполовен состав без неколку повредени ракометарки, вардарки во поголемиот дел од натпреварот беа во предност и ја контролираа играта. На полувремето заминаа со три гола позитива (14-11).

Крим успеа да изедначи на стартот од вториот дел (14-14), а на стартот од последната четвртина имаа и водтсво од 22-19. Но, Вардар во последните десет минути направи пресврт и успеа да ја задржи предноста до крај.

Лидер во нападот на Вардар и на овој меч беше Јованка Радичевиќ со 10 погодоци. Андреа Лекиќ постигна пет, а Андреа Кликовац беше стрелец на три гола.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.