Вучетиќ потпиша за Брегалница, Темелков со нов договор, се чека на Наумов

Србинот Марко Вучетиќ ќе биде засилување за Брегалница во пролетниот дел од шампионатот, откако денеска официјално стави потпис на договор со штипјани.

Вучетиќ, кој пред четири години беше дел од составот на „сините“, се договори со Брегалница за меѓусебна соработка до јуни. Денеска, нов договор потпиша и досегашниот член Александар Темелков, на кого со крајот на есенскиот дел од шампионатот му заврши договорот. Но, Темелков се одлучи и натаму да остане во редовите на штипскиот прволигаш.

Со Брегалница деновиве тренира и поранешниот вардаров напаѓач Ристе Наумов. Се очекува во утрешниот ден и тој да потпише договор, доколку не се реализира повторно трансфер на Малдивите.

Брегалница во петок во Штип ја очекува и првиот пријателски натпревар за време на зимските подготовки, против Работнички, по што од 21. јануари се заминува на подготовки во Сандански, Бугарија.

Се вчитува...