Вујчиќ пред европскиот старт: Секако, Шкендија размислува само на победа!

Во позитивна атмосфера и максимално оптимистичко расположение фудбалерите на Шкендија ја очекуваат првата пресметка од двомечот против молдавска Дачија во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа.

Без разлика што тетовци ќе играат на стадионот „Младост“ во Струмица, далеку од својот стадион, сепак веруваат дека низ максимално квалитетно издание ќе дојдат до триумф со кој нешто помирен ќе го остават реваншот за седум дена во Молдавија.

„Секако дека сме подготвени за тоа што не очекува против Молдавците. Всушност и на европските натпревари нема потреба од било каква дополнителна мотивација, секој од нас носи огромна желба да стигнеме до триумф на првиот натпревар“ – вели фудбалерот од средниот ред на Шкендија, Стефан Вујчиќ.

„Не планираме да го потцениме противникот. Напротив, Дачија мора да се почитува, но ние веруваме во сопствените квалитети и со поддршка и од навивачите сигурен сум дека можеме да дојдеме до позитивен резултат кој ќе ни го олесни реваншот“ – дополнува Вујчиќ.

Натпреварот меѓу Шкендија и Дачија на стадионот „Младост“ во Струмица се игра со почеток од 18 часот.

Се вчитува...