Вујо го враќа Бомбач и ќе го чека Доленец за ЕП

На последниот ден од рокот на ЕХФ за пријавување на пошироките списоци за ЕП 2018 во Хрватска својата листа од 28 имиња ја откри и селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ.

Трофејниот стручњак од македонската ракометна сцена и овојпат како и во јануари ќе биде голем ривал на нашите репрезентативци, а Вујовиќ повторно на располагање ќе има исклучително талентиран состав.

Десниот бек на Барселона, Јуре Доленец, би требало да е „во аут“ до февруари, но Вујовиќ сепак го смести на својот список во надеж дека би можел да го има во тимот доколку дојде до побрза рехабилитација. Голем плус е и камбекот на Бомбач, бекот на Кјелце кој поради повреда не настапи на СП во Франција, но овојпат би требало да му биде на располагање на словенечкиот селектор.

slovenija sostav

Се вчитува...