Вујо одлучи: Ќе ги пуштам ракометарите да си одат дома!

За разлика од натпреварите во првата фаза од Европското првенство во Хрватска, словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ спортски го призна синоќешниот пораз од Данска по кој Словенија ги загуби сите шанси во битката за полуфинале.

Токму поради загубената можност за борба за медал, Вујовиќ вели дека дел од слободните три дена неговите ракометари ќе ги искористат за да си одат до дома, што е еден вид преседан за селекцијата која е среде натпреварување…

„Мора да признаеме дека Данска беше подобра и сосема заслужено стигна до победата. Ние во клучните моменти немавме доволно концентрација во играта па загубивме. Сега, согласно овој распоред на ЕХФ, имаме три дена пауза, а бидејќи сме во Вараждин речиси на самата граница со Словенија ќе ги пуштам ракометарите еден ден да си одат до дома, да минат некој момент со своите. Потоа продолжуваме да се подготвуваме за последните два натпревари против Шпанија и против Чешка“ – истакна Вујовиќ по синоќешниот пораз од Данска.

Се вчитува...