Вујовиќ: ЕХФ ме прогонува поради ЕП во Загреб

Не требаше да мине многу време за Веселин Вујовиќ да одговори на одлуката на ЕХФ за негова суспензија поради инцидентот за време на дуелот меѓу Копер и Нексе. „Вујо Мајсторе“ сега нема да може да го води Копер на преостанатите две средби од Купот на ЕХФ, но трофејниот стратег е убеден дека станува збор за одлука „со позадина“.

„Дојдовме во Нашице за да победиме, но имавме скандалозно судење. Долги години сум тренер и можам да препознаам кога судиите те фаворизираат, а кога не ти мислат добро. Откако во два наврати пристојно протестирав, третиот пат ме предупредија да седнам на клупа. На тоа реагирав со „дерење“ на судиите, па добив жолт картон. Тогаш еден од судиите ми го стави и својот прст на градите, по што му ја тргнав раката за да му дадам до знаење да не ме понижува. Веднаш добив црвен картон, но јасно ми е – ЕХФ ме прогонува за онја што се случуваше на ЕП во Загреб. Во име на правдата – не можам да молчам“ – изјави Вујовиќ.

Се вчитува...