Вујовиќ кандидат за тренер на годината во изборот на ИХФ

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги објави номинациите за избор на најдобрите играчи и тренери за 2016 година за кои гласаат читателите и новинарите .

Во категоријата за играч на годината номинирани се Никола Карабатиќ кој беше два пати досега избран за најдобар ракометар во светот (2007 и 2014), Микел Хансен исто така со две титули играч на годината (2011, 2015), Андреас Волф, Домагој Дувњак и Сандер Сагосен.

Во женска конкуренција кандидати за ракометарка на годината се: Нора Морк, Кристина Неагу, Нике Грот, Изабел Гулден и Кери Гримсбо.

Легендарниот Веселин Вујовиќ кој во 1988 година прв ја понесе титулата најдобар ракометар во светот во изборот на ИХФ, сега е номиниран за тренер на годината на машки тим или репрезентација. Вујовиќ лани го предводеше ППД Загреб, а со репрезентацијата на Словенија настапи на ЕП во Полска, ги однесе Словенците на ОИ во Рио и избори пласман на СП во Франција на кое Словенија го освои бронзениот медл, прв во историјата на оваа земја. Доколку победи во изборот Вујовиќ ќе биде прв во историјата на ракометот што го освоил ова престижно признание и како играч и како тренер.

Покрај Вујовиќ, во оваа категорија номинирани се уште и селекторот на Норвешка, Кристијан Берге, селекторот на Франција, Дидие Динар, поранешниот селектор на Германија, Дагур Сигурдсон, и селекторот на Данска, Гудмундур Гудмундсон.

Кандидати за тренер на репрезентации и екипи во женска конкуренција се селекторот на Франција, Оливие Крумболц, селекторот на Норвешка, Торир Хергеирсон, селекторот на Русија, Евгениј Трефилов, пореанешниот селектор на Холандија, Хенк Гронер, и поранешниот тренер на актуелниот европски клупски шампион ЧСМ Букурешт, Ким Расмусен.

Гласањето за најдобрите во изборот на ИХФ трае до 9 март. За најдобрите во ракометот за 2016 година може да гласате ТУКА.

Се вчитува...