Вујовиќ: Ќе го немаме Доленец, тоа е голем хендикеп, ама верувам во младите

Селекторот на ракометната репрезентација на Словенија, Веселин Вујовиќ, не е среќен што нема да може да смета на искусниот Јуре Доленец, ракометарот на Барселона, за натпреварите на Европското првенство во Хрватска, но се надева дека тоа од друга страна ќе им даде повеќе можности за блесок на помладите ракометари од неговиот состав. Словенија во првиот меч од ЕП, в сабота, ќе ги одмери силите против Македонија.

„Стравувавме дека Јуре Доленец нема да биде подготвен за настапот на Европското првенство и сега тоа стана реалност. Голем хендикеп е тоа за Словенија, но сега младите ракометари ќе имаат поголема можност за да покажат дека и тие поседуваат квалитет и моќ. Се надевам дека ќе го надминеме отсуството на Доленец на најдобар можен начин, а ги очекувам и вестите за состојбата на Вид Кавтичник. Се надевам дека тој ќе се чувствува добро и ќе може да настапи на шампионатот. Но, нема време за да зборуваме за нашата „лоша среќа“, туку мораме да кажеме дека сме подготвени за борба и секој од нас ќе даде и повеќе од максимум за успех“, изјави Веселин Вујовиќ за словенечките медиуми.

Се вчитува...