За малку сензација во Франција: Шпанците се спасија од елиминација!

За малку ќе ракометниот свет ќе беше сведок на најголемата сензација на Мундијалот во Франција во досегашниот тек. Шпанците со два гола во последните две минути се спасија од елиминација во осминафиналната фаза во пресметката со Бразил.

„Црвената фурија“ дојдоа до триумф од 28-27 против Бразил, благодарение на голот на Валеро Ривера на 90 секунди пред крајот за 27-26, а потоа и на Душебајев на 40 секунди пред крајот за 28-26. Бразилците успеаја само да намалат потоа, за конечната победа на Шпанија од 28-27.

Претходно Бразил имаше предност во текот на целиот меч, а на полувреме замина со 18-16, но не успеа да издржи до крајот. Најефикасни кај Шпанија беа Душебајев и Канељас со пет гола, додека кај Бразил Жоао Педро Силва постигна седум гола.

Словенија, пак, со пресврт во второто полувреме стигнаа до четвртфиналето славејќи против Русија со 32-26 (13-15).slovenija

Иако рамноправно во првиот дел, Русите далеку посериозно го контролираа резултатот чувајќи постојана предност од еден до два гола. Но, во вториот дел избраниците на Веселин Вујовиќ зедоа се во свои раце и играјќи ја добро препознатливата игра направија серија од +8, за на крајот триумф од 32-26.

Се вчитува...