За Маркизио нема дилеми – останува во Јувентус

Клаудио Маркизио во последните денови беше поврзуван со заминување од Јувентус, дел од медиумите дури и најавија дека ќе го следи Леонардо Бонучи и ќе потпише за Милан, но искусниот играч за врска јасно стави до знаење дека такво нешто нема да се случи.

Без оглед на засилената конкуренција во средниот ред на „старата дама“, кај Маркизио нема дилеми околу неговиот клуб за новата сезона.

„Некогаш не се потребни ниту зборови“ – порача Клаудио Маркизио преку својот твитер-профил, без многу помпезност потврдувајќи ја лојалноста кон најтрофејниот италијански клуб.

Се вчитува...