За пиво се работи: Баерн Минхен не губи за време на Октоберфест

Баерн Минхен е гордоста на Баварија, а таму Октоберфест се прославува како голема традиција секоја година. Тоа што е интересно, е дека германскиот првак не губи во периодот додека трае оваа гала-манифестација. Статистиката вели дека во последните 24 натпревари од Бундес-лигата, што Баерн Минхен ги играл за време на Октоберфест, нема ниту еден пораз. Ефектот е 20 победи и само четири ремија.

Синоќа Баерн лесно го преслуша Шалке на гости со 0-3. Но, тоа нели и беше очекувано…Па, Октоберфест е…Почна на 16. септември и ќе трае до 3. октомври.

Тренерот Карло Анчелоти има и посебен приод за мотивација. Ако има победи – ќе има и повеќе пиво…А кога се работи за пиво, тогаш тешко на противниците…

Се вчитува...