Заев: Ќе се гради „Дом на спортот“ спроти арената „Филип Втори“

Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев по денешната работна средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претставниците на националните федерации пред јавноста информираше за текот на активностите околу изградбата на „Домот на спортот“ кој треба да го добие Македонија.

„Домот на спортот“ кој треба да го добие Македонија треба комплетно да биде во функција на националните федерации кои немаат свои официјални простории, спортистите и младите, надополнет со конференциски сали и инфраструктура за спорт и рекреација…

„Веќе течат комплетните активности во корелација и со МОК, Општина Центар, Град Скопје и националните федерации околу изградбата на Дом на спортот кој навистина и е неопходен на Македонија и спортските федерации. Дел од средствата за изградба се веќе обезбедени од МОК а остатокот треба да се дополни со средства од Владата на РМ. Утврдена е и локација… ‘Домот на спортот’ би бил покрај реката Вардар на спротивната страна од арената ‘Филип Втори’, за што веќе активни се и анализите и разгледувањето на правните регулативи за завршување на овој грандиозен проект кој е од сериозна важност за спортот“ – истакна премиерот Заев.

Добро е познато дека еден од најголемите проблеми на националните федерации е инфраструктурата и добивањето сопствен дом или простории за нормално функционирање. Засега единствено свој дом има Фудбалската федерација на Македонија која, со свои средства и финансиска поддршка од УЕФА ја изгради „Куќата на фудбалот“ во општина Аеродром.

Се вчитува...