Загина полицаец во жестоката пресметка со хулиганите на Спартак Москва

Еден полицаец го загуби својот живот, а има и поголем број повредени, по жестоката пресметка што се случи во Билбао меѓу полициските сили и хулиганите на Спартак Москва. Информациите говорат дека низ улиците се случувала вистинска војна, која за жал заврши и кобно по животот на еден полициски специјалец.

Група од околу 200 хулигани од Русија ги нападнала полициските сили во центарот на Билбао, по што се случила голема пресметка. Има и голем број повредени руски фанови.

Се вчитува...