Загреб е „проколнат град“ за Вардар, пораз и во СЕХА-лигата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
28/07/2017 0:03
Ракомет
27/07/2017 20:56
Фудбал
27/07/2017 20:21
Ракомет
27/07/2017 13:26

Загреб е „проколнат град“ за Вардар, пораз и во СЕХА-лигата

Загреб е „проколнат град“ за Вардар, пораз и во СЕХА-лигата

Ракометарите на Вардар го претрпеа првиот пораз во рамките од СЕХА-лигата оваа натпреварувачка сезона, откако македонскиот првак загуби на гостувањето против Загреб со резултат 28-26. Хрватскиот главен град се покажува кобен за избраниците на Раул Гонзалес сезонава, токму таму го загубија првиот меч во ЛШ, а сега за првпат го губат и скалпот во силното регионално натпреварување.

„Вардарци“ вината за поразот треба да ја побараат во своите редови, пред се во слабата игра во првото полувреме во кое му дозволија на домаќинот целосно да доминира. Загреб лесно наоѓаше лек за одбраната на македонскиот клуб, а домашните ракометари постигнаа и бројни голови од контри и полуконтри, по грешките на „вардарци“ што хрватскиот шампион знаеше како да ги казни. Натпреварот беше израмнет само до 3-3, а потоа Хрватите поведоа со 6-4, па 10-6, за на одмор да заминат со убедливи 16-11.

zagreb vardar1

Обидите за камбек не вродија со плод, па ракометарите на македонскиот првак не успеаја ниту посериозно да ја намалат предноста на домашниот тим, намалувајќи на конечните 28-26 на десет секунди до крајот, откако неколку минути претходно домаќините имаа убедливи 28-22. За Загреб ова беше втората голема победа во СЕХА во низа, откако хрватскиот шампион хпред неколку дена го зеде и скалпот на Веспрем.

Борозан, Чупиќ и Карачиќ постигнаа по четири гола за Вардар, додека Гонзалес во ситуација кога одбраната не функционираше им даде шанса на тројцата голмани, но тие вкупно не стигнаа ни до десет одбрани (Штербик пет, Ангелов три, а стартерот Милиќ само една).

Вардар и покрај поразот останува на чело на табелата со удобна предност во однос на ривалите, а „црвено-црните“ до крајот на сезонава ги очекува само уште саботното гостување против Брест Мешков.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.