Загреб го победи Целје и „навива“ за Вардар

Ракометарите на ППД Загреб славеа против Целје со 23-21 во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите и остануваат во игра за пласман во осминафинафинале во ЛШ.

Хрватите во текот на целиот натпревар беа во предност и не дозволија изненадување во клучниот дуел за двете екипи. Словенечкиот голман на голот на Загреб, Матевж Скок, го постигна последниот погодок на крајот од првото полувреме во кое домаќините оставрија предност од 14-10. Оваа позитива на Загреб на крај остана недостижна за словенечкиот тим кој со овој пораз го заврши настапот во ЛШ за ова сезона.

Хрватскиот шампион со новите два бода моментно е на шестата позиција во групата и сега ќе навива за победа на Вардар во дуелот со Кристијанштад.

ППД Загреб ќе остане на оваа позиција и ќе го продолжи настапот во ТОП 16, само доколку Кристијанштад остане без бодови на гостувањето во Скопје. Доколку шведскиот тим освои еден или два бода против Вардар, тогаш тие избиваат на шестата позиција и обезбедуваат осминафинале во ЛШ, а ППД Загреб паѓа на седмото место и го завршуваат настапот. Вардарци се на лидерската позиција и независно од резултатот во последното коло веќе го осигураа првото место во групата што им носи директен пласман во четвртфиналето од ЛШ.

Се вчитува...