Захариевски: Само гол ни недостигаше против Вардар

Пелистер е во негативна серија од три последователни порази, а денеска го загуби вечното дерби против актуелниот шампион Вардар. Иако можеби и беше подобар ривал на теренот под „Тумбе кафе“, сепак, Вардар успеа да искористи една од своите шанси преку Дејан Блажевски.

Тренерот Срѓан Захариевски не ја крие разочараноста од поразот, посебно што Пелистер напаѓаше за да стигне до израмнување во цело второ полувреме.

„Одигравме еден дерби натпревар во кој единствено ни недостигаше гол за да бидеме рамноправни со Вардар. На почетокот можеби покажавме и преголем респект, не ја искористивме најубавата шанса во првиот дел, а потоа Вардар поведе преку Блажевски. Во второто полувреме ние ја диктиравме играта, баравме гол за израмнување, но не успеавме да ја затресеме противничката мрежа. Честитки за Вардар за победата, а ние ќе бараме бодови на следните натпревари“, изјави за ЕКИПА, Срѓан Захариевски по дербито со Вардар.

Се вчитува...