Зајков: Греота…Ни отиде победата

ЕКИПА во Бидгошч,

Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски

Ја имавме Србија в џеб, со пресврт и одлична игра во второто полувреме. Стигнавме во водство од 2-1, иако губевме на полувремето. Но, Србите израмнија во 90.минута. Можеше ли подобро да реагира одбраната?!

Се прашува и дефанзивецот Ѓоко Зајков.

Не знам дали да бидам среќен, или да тагувам за пропуштената победа. Тргнавме лошо на стартот, не знам зошто, но не ја игравме нашата игра во првото полувреме. Потоа се пронајдовме, одигравме навистина квалитетно, го свртевме резултатот и бевме на прагот на победа. И, на крајот, можеби од невнимание, можеби од неискуство, можеби од преголема желба, дозволивме да примиме гол. Греота…“, изјави Ѓоко Зајков.

Се вчитува...