Зајков конечно заигра за Шарлерој во белгискиот шампионат

Македонскиот младински репрезентативец Ѓоко Зајков конечно го запиша својот прв настап во дресот на Шарлерој во шампионатот на Белгија.

Зајков, кој изминатава сезона главно беше на клупата за резервни фудбалери на натпреварите на Шарлерој во првенството на Белгија, се најде од првата минута на гостувањето против Цулте Варегем (2-2) во последното коло од првенството. Македонскиот репрезентативец го одигра целиот натпревар, веројатно како добар импулс за подготовките на младата селекција кои го очекуваат пред настапот на ЕП во Полска.

Претходно, Зајков имаше настапи за Шарлерој единствено во Купот на Белгија, за да конечно заигра и во првенството.

Се вчитува...