Зампарини со писмо до Ѓорѓиоски: Пуштете ни го Несторовски, ни треба во Палермо

Македонскиот селектор Игор Ангеловски го повика Илија Несторовски за претстојниот пријателски натпревар со Норвешка, разочарувајќи го со тој потег првиот човек на Палермо, Маурицио Зампарини, кој се надеваше дека Нестор-гол ќе може да му помогне на својот тим во битката за враќање во Серија А. Во италијанските медиуми денеска беше обелоденето и писмото што Зампарини го испратил до претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, со надеж дека Нестор-гол ќе остане во Италија наместо да дојде во0 Скопје.

Драг Претседателе Ѓорѓиоски, Ви се обраќам директно да не го повикувате Илија Несторовски за вашиот пријателски меч со Но0рвешка, бидејќи фудбалерот ни е неопходен за нашиот лигашки меч. Знам дека имате право да го повикате фудбалерот, но за жал нашата федерација не го запира натпреварувањето во Серија Б за време на репрезентативните паузи, со што нанесува сериозна штета на клубови како Палермо, кои имаат репрезентативци од различни земји. Лично ќе бидам многу благодарен доколку го прифаќате ова наше барање. Се надевам дека наскоро ќе се запознаеме, ќе ве поканам за меч во Палермо за во живо да ги следите Несторовски и Трајковски“ – му напишал Зампарини на Ѓорѓиоски.

Конечниот збор сепак го имаше не претседателот на ФФМ, туку селекторот Ангеловски, кој реши да настапи со најсилните единаесетмина на овој пријателски натпревар.

Се вчитува...