Заврши фудбалскиот турнир за деца на ОФС Гази Баба - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
21/11/2017 19:24
Кошарка
21/11/2017 16:21
Кошарка
21/11/2017 8:30
Кошарка
20/11/2017 20:52

Заврши фудбалскиот турнир за деца на ОФС Гази Баба

Под покровителство на ОФС Гази Баба и Општина Гази Баба , изминатиов викенд во спортската сала при ОУ „Н.Н – Борче“ во општина Гази Баба, под мотото „СПОРТУВАМЕ – СРЕЌНИ СМЕ“, се одржа првиот турнир во фудбал меѓу фудбалските екипи членови на ОФС Гази Баба.

Системот на натпревари беше на принцип на три групи по три учесници, со тоа што пласман во полуфинале обезбедија само првопласираните и најдобропласираната втора екипа со најдобар скор од трите групи.

родени 2006 година

Група А: ОУ „НН – Борче“, ФК Металург, ФК Маџари С.
Група Б: ФК Смиљковци 2011, ФК Нова Колонија, ФК Фортуна
Група В: ФК Скупи, ФК Вардар, ФК Работнички

родени 2005 година

Група А: ФК Работнички, ФК Нова Колонија, ФК Металург
Група Б: ФК Вардар 2, ФК Гоце Делчев, ФК Маџари С
Група В: ФК Вардар 1, ФК Фортуна, ФК Смиљковци 2011

Низ одиграни 26 натпревари во двете конкуренции, се постигнаа следниве резултати на завршните натпревари:

Прв полуфинален натпревар (2006): ФК Смиљковци 2011 – ФК Металург 6-0 (2-0)

Втор полуфинален натпревар (2006): ФК Вардар – ОУ „Н.Н – Борче 9-0 (6-0)

Прв полуфинален натпревар (2005): ФК Металург – ФК Фортуна 3-0 (1-0)

Втор полуфинален натпревар (2005): ФК Вардар 2 – ФК Нова Колонија 3-1 (1-1)

Натпревар за трето место (2006): ФК Металург – ОУ „Н.Н – Борче 7-2 (1-1)

Натпревар за трето место (2005): ФК Нова Колонија – ФК Фортуна 4-0 (1-0)

ФИНАЛЕ (2006): ФК Смиљковци 2011 – ФК Вардар 1:1( 1:1) 4:2 на пенали – победник ФК Смиљковци 2011

ФИНАЛЕ (2005): ФК Металург – ФК Вардар 2 1-0 (0-0) – победник ФК Металург

За сите учесници (220 дечиња), покровителот на овој новогодишен турнир градоначалникот на општина Гази Баба и организаторот ОФС Гази Баба обезбедија новогодишни пакетчиња и благодарници на турнирот, додека најдобропласираните три екипи на турнирот во двете конкуренции, покрај новогодишни пакетчиња добија пехари и дипломи.

Наградите на сите учесници ги додели претседателот на ОФС Гази Баба и член на управниот одбор на ФФМ, Светозар Станковски.

 

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.