Здравко Мамиќ: Бабунски тренираше со нашиот втор тим, но ми рекоа дека не е за во Динамо З. - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
28/05/2017 20:29
Фудбал
28/05/2017 18:29
Ракомет
28/05/2017 14:54
Ракомет
28/05/2017 11:41

Здравко Мамиќ: Бабунски тренираше со нашиот втор тим, но ми рекоа дека не е за во Динамо З.

Здравко Мамиќ: Бабунски тренираше со нашиот втор тим, но ми рекоа дека не е за во Динамо З.

Сивата еминенција на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, во интерју за „Арена спорт“, призна дека Ријека, чии членови се Стефан Ристовски и Леонард Жута, ќе ја прекине доминацијата на „модрите“ кога се во прашање шампионските титули во Хрватска, но и откри дека Давид Бабунски бил на проба во клубот, и дека тренерите процениле да не биде ангажиран. Сега репрезентативецот на Македонија е член на јапонскиот прволигаш Јокохама маринос и одлично му оди во тамошниот шампионат.

„Давид Бабунски од Црвена Звезда? Не можам да ви кажам детали, но тој тренираше со нашиот втор тим. Мислам дека нашите тренери проценија дека не е за Динамо“, изјави Мамиќ на прашањето за можноста која постоеше Динамо Загреб да го ангажира Бабунски од Црвена Звезда.

Динамо Загреб по 11 години ќе и го препушти тронот на Ријека.

„Не можам да кажам дека сум среќен, но не сум ниту несреќен поради тоа. Дури сум и горд, затоа што ние имавме големи заслуги за тоа. Кога пред пет години формално испаднаа од лигата, јас им помогнав, играчки, логистички и со совети. Дојде време кога ученико ќе го надмине учителот и на тоа сум горд. Одушевен сум од луѓето во Ријека. Кек и останатите работат фантастично. Гледајќи од интерес на хрватскиот фудбал, конечно дојде до конкуренција, и тоа е добро“, изјави Мамиќ.

Тој говореше и за трансферите што Динамо Загреб ги има остварено во изминатата деценија. Најголем е трансферот на Лука Модриќ во Тотенхем, 23 милиони евра, а вкупно, Динамо Загреб од продажба на фудбалери има инкасирано околу 219 милиони евра.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.