Зенит го преслуша и Реал Сосиедад… (видео)

Дека е главен фаворит за освојување на првото место во Групата Л од Лигата на Европа, руски Зенит потврди и со триумфот од 3-1 пред своите навивачи против Реал Сосиедад во 2. коло.

По убедливиот триумф од 5-0 во Скопје, Русите сега сосема заслужено стигнаа и до втората победа со погодоците на Ригони во 5. минута и Кокорин во 24. и во 60. минута. Единствениот гол за гостите го постигна Љоренте во 41. минута од натпреварот.

ГРУПА Л – 2. КОЛО

Розенборг – ВАРДАР 3-1

Зенит – Реал Сосиедад 3-1

ТАБЕЛА: Зенит 6 бода, Реал Сосиедад 3, Розенборг 3, ВАРДАР без бодови.

Се вчитува...