Зенит со „шлаг на тортата“: Феноменални „ножички“ на Ивановиќ за триумф над Сосиедад… (видео)

Зенит на најдобар можен начин ги заврши натпреварите од Групата Л во Лигата на Европа, со триумф од 1-3 на гостувањето против Реал Сосиедад во Сан Себастијан.

А, потегот на мечот го имаше српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ кој во 64. минута постигна прекрасен погодок со „ножички“…

Со оваа победа Зенит го освои првото место во Групата Л, пред Реал Сосиедад, Розенборг и Вардар.

Се вчитува...