Жалуз останува во Барса до 2021 година

Ваел Жалуз ги отстрани сите дилеми околу својата иднина потпишувајќи нов долгогодишен договор со Барселона. Тунискиот репрезентативец беше поврзуван со бројни клубови, еден од нив беше и Вардар, но левиот бек сепак реши да остане дел од каталонскиот гигант, потпишувајќи договор со важност до 2021 година.

Пресреќен сум што ќе останам уште четири години во Барселона, се чувствувам одлично овде и едвај чекам да продолжам да освојувам трофеи со каталонскиот гигант“ – изјави Жалуз.

Тунижанецот пристигна во Барселона од редовите на Кил во 2014 година, по што прерасна во еден од водечките ракометари на каталонскиот гигант. По потпишувањето на новиот договор со Жалуз, челниците на Барса сега ќе се насочат кон ангажманот на Арон Палмарсон од редовите на Веспрем.

Се вчитува...