Жан Тод: Ф1 доби побрзи болиди, но ги загуби престигнувањата

Претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Жан Тод, коментирајќи ја трката за ГН на Австралија, прва на календарот од новата сезона, истакна дека престигнувањата во Мелбурн била цената што Ф1 ја плаќа за побрзите болиди кои сите сакаа да ги видат.

Новите болиди во Ф1 се значително побрзи со пошироките пневматици и поголемиот аеродинамичен притисок што го создаваат пошироките крила и двојно поголемиот дифузер, но сите тие измени го отежнаа престигнувањето, што се покажа и на трката во Мелбурн.

Промените што ги направивмe сезонава се фундаментални. Престигнувањата навистина станаа потешки од кога и да е претходно, или барем од времето откако сум јас во Формула 1. Тоа е цената што ја плаќаме за луѓето да гледаат поатрактивни и побрзи болиди. Се надевам дека фановите се задовлни, затоа што ситуацијата нема да се промени до крајот на годината“ – најави Жан Тод.

Се вчитува...