Жарко Ристоски го однесе Шоненверд во полуфиналето

Жарко Ристоски продолжува да испишува историја со тимот на Шоненверд откако поранешниот македонски селектор со својата екипа се пласираше во полуфиналето од плејофот во швајцарскиот шампионат. Шоненверд за ривал во четвртфиналето го имаше тимот на Јона, кој по голема битка го доби со 2-1 во победи. По стартниот триумф на гостински терен од 0-3, тимот на Ристоски ја загуби втората средба со 2-3, за синоќа во „мајсторката“ Шоненверд да стигне до победа од 3-1 во сетови (25-19, 25-19, 23-25, 25-16).

Откако го освоивме второто место во регуларниот дел од сезоната, успеавме да ја минеме и првата пречка во плејофот и преку Јона стигнавме до полуфиналето. Задоволството е огромно, овој резултат претставува огромен успех за нашиот тим и само уште повеќе ни ја крева самодовербата пред следните предизвици. Во полуфиналето ќе се сретнеме со Нафелс, екипа од која претрпевме три порази во регуларниот дел од сезоната, но тоа ќе ни биде само мотив повеќе да се прикажеме во добро светло и да се обидеме да стигнеме до историски пласман во големото финале“ – изјави Ристоски за ЕКИПА.

Се вчитува...