Жарко Ристоски, нов тренер на Танурине

Поранешниот селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија, Жарко Ристоски, својата тренерска кариера ја продолжува во шампионатот на Либан. Актуелниот вицепрвак на оваа земја, екипата на Танурине, го ангажираше токму Македонецот за свој кормилар, во обид сезонава да атакува и на самиот трон на либанската одбојка.

Задоволен сум од понудените услови, како и од можноста за нов предизвик во кариерата. Екипата е квалитетна, минатата сезона стигна до финалето, што е најголем успех во клупската историја. Примарна цел за сезонава е влез во плејоф меѓу четирите најдобри екипи, а потоа сигурно би се обиделе да стигнеме што подалеку. Исто така, Танурине по првпат ќе учествува и на Арапскиот куп што ќе се одржи во Тунис, што ќе биде голем предизвик за мене и за моите одбојкари“ – истакна Ристоски за ЕКИПА.

Македонскиот стратег по заминувањето од кормилото на националниот тим ланската сезона ја мина на клупата на швајцарскиот Шоненверд, тим со кој го освои одличното трето место.

Се вчитува...