Ждреб за ЛШ: Сите сакаат да го избегнат Реал Мадрид - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
20/08/2017 18:54
Кошарка
20/08/2017 14:14
Кошарка
19/08/2017 23:06
Кошарка
19/08/2017 22:06

Ждреб за ЛШ: Сите сакаат да го избегнат Реал Мадрид

Ждреб за ЛШ: Сите сакаат да го избегнат Реал Мадрид

Денеска со почеток во 12 часот во Нион ќе бидат извлечени двојките за осминафиналето од Лигата на шампионите. Групната фаза не мина со некои преголеми изненадувања околу тимовите што се најдоа меѓу најдобрите 16, но затоа европскиот првак Реал Мадрид го освои второто место во својата група, па сега во следната рунда ќе се сретне со еден од победниците. Токму Реал е тимот што сите сакаат да го избегнат, заедно со Баерн Минхен, уште еден гигант кој ќе претставува потенцијална „мина“ за екипите што ја завршија групната фаза како првопласирани.

Согласно пропозициите, ждребот е диригиран, што значи дека две екипи од иста држава не можат да се сретнат во осминафиналето, исто како и два тима кои играле еден против друг во групната фаза.

liga sampioni pred zdreb

Интересна е и математичката пресметка, која процентуално ги наведува двојките кои има најголеми шанси да се паднат во оваа рунда. Според нив, Арсенал и Лестер се најверојатни ривали за Реал Мадрид, додека „лоша вест“ за Баерн е што математички најголеми шанси се даваат на пресметка со Барселона.

matematiki

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.