Женското дерби е црвено-црно: Вардар и без Муса го реши Бадел

Вардар најавува прекин на шампионската доминација на Бадел откако „црвено-црните“ втор натпревар по ред успеаја да го совладаат актуелниот првак, по освоениот трофеј во Купот на Македонија, тренерот Дамњановски и неговите избранички денеска повторно славеа на „баделки“ (73-69).

Триумфот е уште позначаен ако се знае дека Вардар настапи без Едина Муса, но и во отсуство на репрезентативката успеа да го земе скалпот на шампионот. Мечот донесе максимална неизвесност и неколку пресврти, „вардарки“ и на полувреме имаа водство од 36-33, за потоа во неизвесна завршница да триумфираат. Треба да се истакне дека крилниот центар на Вардар, Спредли, поради пет лични грешки го напушти теренот на стартот од третата четвртина, додека кај Бадел не настапи капитенот Лескароска.

Најзаслужни за големата победа на „црвено-црните“ беа Наков со 17 и Деловска со 15 поени, додека најефикасни кај актуелниот шампион беа Адамовска и Софија Лазареска со по 16 поени.

Се вчитува...