ЖФК Драгон потопен со 14-1 во квалификациите за ЛШ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/02/2017 13:42
Меѓ. Фудбал
24/02/2017 13:18
Меѓ. Фудбал
23/02/2017 20:54
Фудбал
23/02/2017 15:31

ЖФК Драгон потопен со 14-1 во квалификациите за ЛШ

ЖФК Драгон потопен со 14-1 во квалификациите за ЛШ

Македонскиот првак во женски фудбал, ЖФК Драгон, имаше неуспешен старт во квалификациите за влез во Лигата на шампионите откако вечерва претрпе преубедлив пораз од 14-1 на дуелот против Осијек.

Хрвтскиот клуб е домаќин на овој квалификациски турнир и важеше за фаворит на денешниот дуел, а преубедливиот резултат е само уште еден доказ за огромното заостанување во квалитет зад тимовите што имаат амбиции за влез во елитното европско натпреварување. Прашањето на победникот беше решено веќе во првите пет минути, кога Осијек поведе со 2-0. До полувремето резултатот беше зголемен на 7-0, а во 71. минута хрвтскиот состав го постигна и својот десетти погодок.

Драгон намали на 10-1 со голот од пенал на Атанасова во 76. минута, притоа исклучена беше и домашната фудбалерка Радељиќ, но Осијек дури и со играч помалку постигна уште четири гола во последните петнаесетина минути и го доби дуелот со преубедливи 13-1.

Во вториот натпревар од оваа група Минск славеше над белгискиот првак Стандард со 3-1.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.