Жиру го спаси Арсенал од пораз

Арсенал со многу мака избегна пораз на незгодното гостување во Саутемптон, играјќи 1-1 против „светците“ благодарение на погодокот што во самиот финиш го постигна Оливие Жиру.

Мечот почна одлично за домашниот тим, откако Чарли Остин експресно донесе водство по одличната асистенција на Тадиќ. Арсенал се отвори и имаше неколку убави шанси а израмнување, но резултатот лесно можеше да биде и 2-0 откако ударот на Ромеу од дваесетина метри заврши во гредата од голот на Петр Чех.

Офанзивата на „топчиите“ вроди со плод во самата завршница, кога „златната резерва“ Жиру стрелаше прецизно со глава по центаршутот на Алексис Санчез, носејќи му бод на тимот на Арсен Венгер.

Се вчитува...