Живко Мукаетов и Владо Илиевски му донесоа среќа на МЗТ (фото)

Над три илјади фанови беа сведоци на синоќешниот голем триумф на МЗТ Скопје над Партизан, меѓу нив и првиот човек на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов. Како голем спортски приврзаник, Мукаетов и самиот ги препознава новините во концептот на функционирање на МЗТ, па дојде да даде поддршка на истиот, на крајот радувајќи се на триумфот над реномираниот противник.

Илиевски по заминувањето од Работнички се врати назад во Словенија, но поради семејни причини е назад во Македонија, па не ја пропушти можноста да го проследи дуелот на „металците“ против неговиот поранешен клуб.

IMG_0336

IMG_0592

Се вчитува...