Животна драма на поранешниот руски тенисер: За родител е најтешко кога детето му се дрогира - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Тенис
24/08/2017 1:34
Фудбал
23/08/2017 21:31
Фудбал
23/08/2017 20:12
Фудбал
23/08/2017 18:43

Животна драма на поранешниот руски тенисер: За родител е најтешко кога детето му се дрогира

Животна драма на поранешниот руски тенисер: За родител е најтешко кога детето му се дрогира

Поранешниот прв светски рекет, Евгениј Кафелников минува низ тешки семејни проблеми поради неговата ќерка Олесија. Кафелников преку социјалните мрежи се пожали дека неговиот живот повеќе нема никаква смисла.

„Јас сум во пекол. Не се срамам овде да коментирам за ситуацијата. Јас сум виновен за се и кога ќе го сфатите тоа како родител тоа е најтешко од се. Но, не го заслужуваме тоа“ – напиша поранешниот руски тенисер.

кафелников

Неговата ќерка Олесија која работи како фото-модел, неодамна поминувала низ турбулентен период во животот и посегнала по наркотици. Минатата година таа се бореше со анорексија, а кога полека и се нормализира животот, посегнува по дрога.

кафелников 2

„Мојот живот повеќе нема смисла. Минатата година кога Олесија имаше 52 килограми бев среќен. Беше толку убава и конечно почна да изгледа како вистинска жена. А што се случува сега? Строго сум против такво нагло губење на тежината. За жал таа не ме слушаше“ – очаен е Евгениј Кафелников.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.