Жоан Канелјас, каталонецот што не доби шанса во Барса - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/10/2017 22:47
Ракомет
23/10/2017 17:02
Коментари
23/10/2017 13:15
Останато
22/10/2017 20:35

Жоан Канелјас, каталонецот што не доби шанса во Барса

Жоан Канелјас, каталонецот што не доби шанса во Барса

Дуелите со ракометниот гигант Барселона секогаш се мотив за противничките играчи, но еден ракометар секогаш има мотив плус кога се среќава со каталонскиот гигант. Станува збор за „вардарецот Жоан Канелјас, роден каталонец, кој својата кариера ја почна во Барселона, но никогаш не доби соодветна шанса да ги покаже своите квалитети за овој клуб. Затоа, шпанскиот бек со нетрпение го очекува саботниот дуел со својот прв клуб во кариерата.

Првиот професионален договор ми беше со Барса, минав три години во овој клуб. Кога ќе се навратам, тој период ми беше малку тежок, бев млад и не играв доволно бидејќи имаше бројни ѕвезди во екипата на мојата позиција. Претешко беше да се изборам за минутажа, па затоа бев принуден да си заминав. Дуелите со Барселона секогаш се посебни за мене, во самиот тим имам бројни пријатели и соиграчи од репрезентацијата. Кога средбите се играт надвор тие се уште поспецијални бидејќи моето семејство и пријателите доаѓаат да гледаат. Сепак, ги оставам чувствата настрана и ќе сторам се за да помогнам да стигнеме до победата“ – изјави Канелјас во разговор за официјалната веб-страница на ЕХФ.

Шпанецот е задоволен од одличниот старт на сезоната и очекува серијата добри игри да продолжи и в сабота.

Мораме да сме горди бидејќи освоивме седум од можните осум бода, само Веспрем има четири победи од стартот на сезонава. И ремито со Пик Сегед е добар резултат бидејќи е тешко да се игра против така силна екипа во мала арена со гласни навивачи. Наше е во ист ритам да се претставиме и против Барселона. Мислам дека се уште најсилен дел од играта на Барса е одбраната на чело со одличните голмани. Ќе биде интересно и неизвесно, како што беше и во Келн и во Доха, но се надевам дека со поддршка нанавивачите ќе ги освоиме бодовите и ќе се најдеме осамени на првото место“ – оптимист е Жоан Канелјас.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.