ЖРК Металург убедлив против Даниловград (19-30) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
22/11/2017 18:33
Фудбал
22/11/2017 17:40
Кошарка
22/11/2017 13:30
Фудбал
22/11/2017 11:10

ЖРК Металург убедлив против Даниловград (19-30)

Ракометарките на ЖРК Металург остварија убедлива победа над Даниловград (19-30) во рамките на Регионалната лига. Избраничките на тренерот Крсто Петрушевски наметнаа своја игра од самиот старт на мечот, а на полувреме обезбедија предност од четири гола (10-14).  Во вториот дел, одбраната на ЖРК Металург уште поцврста, а од неа произлегоа и лесни противнапади, со кои разликата беше значително зголемена.

Мирјета Бајрамоска со осум погодоци беше најефикасна во тимот на Металург, Симона Грозданоска беше стрелец на шест гола, а Сара Ристовска четирипати ја погоди противничката мрежа.

Утре ракометарките на Металург во Регионалната лига ќе ги одмерат силите со тимот на Будуќност, кој е учесник на фајналфор турнирот во ЛШ и во полуфиналето ќе го предизвика ЖРК Вардар СЦБТ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.