ЖРК Металург убедливо поразен во Подгорица - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
17/10/2017 14:30
Ракомет
17/10/2017 12:13
Кошарка
17/10/2017 11:03
Кошарка
16/10/2017 22:41

ЖРК Металург убедливо поразен во Подгорица

Ракометарките на ЖРК Металург не успеаја да приредат изненадување на гостувањето против Будуќност, губејќи од големиот фаворит со 34-23 во рамките од 14. коло во женската регионална лига. Македонскиот состав синоќа славеше над Даниловград, но овојпат против себе имаше далеку поквалитетен ривал, од кого ЖРК Металург претрпе убедлив пораз и во Скопје (24-33).

Домаќинките, кои ќе бидат противник на ЖРК Вардар во полуфиналето од ЛШ, уште во првото полувреме создадоа двоцифрена предност, го завршија овој период од мечот со 19-9, што му овозможи на тренерот на Будуќност во вториот дел да ги изротира сите ракометарки. Петровиќ со осум и Далби со седум погодоци беа најпрецизни кај црногорскиот првак, во чии редови Елена Георгиевска постигна два гола. Кај ЖРК Металург најпрецизени беа Бајрамовска и Гроздановска со по осум погодоци.

ЖРК Металург досега одигра дванаесет натпревари во женската регионална лига, на кои македонскиот претставник оствари четири победи и осум порази.

фото: vijesti.me

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.