ЖРК Вардар СЦБТ уште еднаш лесно се справи со ГЕН Загорје (33-22) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
20/07/2017 13:57
Фудбал
20/07/2017 13:14
Кошарка
20/07/2017 12:02
Фудбал
20/07/2017 8:51

ЖРК Вардар СЦБТ уште еднаш лесно се справи со ГЕН Загорје (33-22)

Актуелниот шампион на Македонија, ЖРК Вардар СЦБТ уште еднаш, за кус временски период од неколку дена, со убедлив резултат, овојпат 33-22 (18-9) го совлада словенечкиот тим ГЕН – Загорје во рамките на Регионалната лига. Вардарки рутински, со половина сили, го одиграа овој натпревар кој добро им дојде за одржување на натпреварувачката форма.

Со денешната убедлива победа нашиот шампион со 19 бода се искачи на второто место на танелата, зад противникот во полуфиналето од ЛШ, црногорскиот тим Будуќност, кој има еден бод повеќе. Најефикасни во таборот на ЖРК Вардар СЦБТ на денешниот натпревар со по четири погодоци беа Зебиќ, Дембеле , Николиќ и Радичевиќ.

Веќе в среда, екипата на ЖРК Вардар СЦБТ со почеток од 12 часот го игра првиот натпревар од Купот на Македонија, против тимот на РК Чаир.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.