ЖРК Вардар без „олимпијките“ ги почна подготовките за новата сезона - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
26/04/2017 22:45
Кошарка
26/04/2017 21:38
Кошарка
26/04/2017 20:49
Ракомет
26/04/2017 19:27

ЖРК Вардар без „олимпијките“ ги почна подготовките за новата сезона

ЖРК Вардар без „олимпијките“ ги почна подготовките за новата сезона

Македонскиот првак ЖРК Вардар денеска и официјално почна со подготовки за новата натпреварувачка сезона, во која „црвено-црните“ очекуваат нови добри резултати, пласман на Ф4, но овојпат и уште еден чекор напред во битката за европската круна. Со екипата на денешната прва прозивка се појавија и две од вкупно петте нови ракометарки кои го засилија тимот, Словенката Тамара Мавсар и Белорусинката Дијана Илина.

Преостанатите три засилувања, Камила Херем, Мајса Песоа и Александра Лакрабере ќе се приклучат на крајот од месецов по завршувањето на Олимписките Игри во Рио, каде ќе настапуваат за селекциите на Норвешка, Бразил и за Франција.

„Вардарки“ ќе бидат во Скопје до 6 август, кога ќе заминат на подготовки во Терме Зрече, Словенија, каде ќе останат до 18 август. Потоа ќе следи настап на меѓународниот турнир „Винко Кандија“, каде ЖРК Вардар ќе учествува заедно со Крим Меркатор, Подравка и Хипо, по што македонскиот првак ќе се врати назад во Скопје за финалната фаза од подготовките.

фото: zrkvardar.mk

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.