„Жртва“ на Трамп: Јорк играл во Иран, па сега не смее да влезе во САД

Двајт Јорк со години важеше за еден од најдобрите стрелци во Премиер-лигата, фудбалерот од Тринидад и Тобаго имаше кариера без ниту една дамка, па сега не го криеше бесот откако не му беше дозволен влез во САД. Причината е бизарна, Јорк е „жртва“ на новиот закон на американскиот претседател Доналд Трамп, кој забрани влез на лица кои имаат патувано во земји кои се потенцијално опасни од терористичи аспект.

Во случајот на Јорк, причината е што во неговиот пасош има печат од влез во Иран, земја каде екс-голгетерот пред неколку години играше ревијален натпревар заедно со големи ѕвезди на светскиот фудбал како Луис Фиго и Роберто Карлос.

Не можев да поверувам што ми се случува. Многу пати сум бил во САД, многу ја сакам оваа држава, а сега направија да се чувствувам како криминалец. Ми рекоа дека има проблем со визата, а потоа ми објаснија дека не може да влезам во државата бидејќи во пасошот сум имал печат од Иран. Јас не ни преспав во Техеран, веднаш по мечот се вратив дома, се уште сум во шок дека сега ми се случи вакво нешто бидејќи сум играл ревијален натпревар“ – изјави Јорк за таблоидот „Сан“.

Се вчитува...