Жуниор и Мурати подготвени за Тракаи, но Шкендија ослабена за Вујчиќ

Македонскиот вицепрвак Шкендија отпатува за Литванија, каде утре ќе го одигра првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на Европа против Тракаи. Во последен момент, во составот на Ќатип Османи влегоа и Бразилецот Стенио Жуниор и дефанзивецот Мевљан Мурати, но, Шкендија ќе биде ослабена со неиграњето на играчот за врска Штефан Вујчиќ. Тој заработи повреда на реваншот против Хелсинки во Финска и се уште ги чека резултатите од медицинските прегледи, за да биде јасно колкав период ќе мора да паузира.

Стенио Жуниор ги мина последните тестови, го одработи последниот тренинг во Тетово и ќе биде во комбинација за настап на утрешниот меч. Секако, ќе биде под строг надзор и на денешниот официјален тренинг што Шкендија ќе го има на стадионот на Тракаи во Литванија.

Мевљан Мурати тренира редовно веќе два дена и сигурно ќе биде во комбинација за утрешниот дуел против литванскиот претставник.

Се вчитува...