Зидан најмалку 15 дена без Асенсио

Зинедин Зидан се соочува со нов проблем околу повредите на првотимците откако Марко Асенсио заработи повреда на последниот натпревар од Лигата на шампионите против АПОЕЛ. Крилниот офанзивец се пожалил на болка во мускулот, а деталните прегледи потврдиле дека станува збор за истегнување на мускулни влакна во десната нога.

„Врз Асенсио ќе бидат извршени и детални прегледи, но она што е јасно е дека тој ќе паузира најмалку 15 дена“ – соопштија од лекарскиот тим на „кралевите“.

Ова значи дека шпанскиот репрезентативец ќе ги пропушти следните две средби од Примера против Малага и Aтлетик Билбао, а Зидан се надева дека ќе го има на располагање за дербито со Севилја на 9 декември. За дуелот со Малага нема да настапи ниту Герет Бејл, кој се уште не почна да тренира со полн интензитет со остатокот од тимот.

Се вчитува...