Зидан останува на чело на Реал до 2020 година

Реал Мадрид се подготвува за стартот на новата сезона во која „кралевите“ ќе ги бранат трофеите во ЛШ и во Примера дивизион, а претседателот Флорентино Перез е подготвен да го награди најзаслужниот за овие успеси – тренерот Зинедин Зидан.

Младиот стратег блесна откако го наследи на клупата Рафаел Бенитез, за само 19 месеци освои дури шест трофеи со Реал, целосно ја контролира соблекувалната и има извонреден однос со сите фудбалери, па јасно е зошто раководството на најтрофејниот европски клуб му понуди нов договор на легендарниот Зизу.

Како што информира весникот „Ас“, Зидан во следните десетина дена и официјално ќе го стави својот потпис на новиот договор, за кој сите детали се веќе средени. Имено, со тој договор Зизу ќе заработува осум милиони евра по сезона и ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2020 година. Згора на тоа, франускиот стручњак ќе добие двојно повисоки премии за секој освоен трофеј во однос на премиите што ќе им бидат исплатени на фудбалерите.

Се вчитува...