Зидан: Роналдо заслужува и повеќе од четири Златни топки

Кристијано Роналдо вчера на „Сантијаго Бернабеу“ пред дуелот со Гранада ја покажа својата четврта Златна топка, на промоцијата која ја увеличаа и Мајкл Овен, Луис Фиго, Роналдо де Лима…

„Роналдо заслужува и повеќе од четири Златни топки. Кога ќе ја заврши играчката кариера критичарите ќе разберат вистински колку се што постигна е навистина неверојатно. Среќен сум поради него“ – истакна Зидан на промоцијата на четирите Златни топки на Роналдо.

Зидан притоа дополни дека е среќен што имал можност да работи со фудбалер како Роналдо, затоа што добро знае колку е тешко да се стигнат во фудбалот височините кои тој ги освои досега.

Се вчитува...