Зидан „удри“ по медиумите: Ми здодеа да слушам дека во Реал ситуацијата е лоша

 Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на денешната прес-конференција пред мечот со Вилјареал ги критикуваше шпанските медиуми. Францускиот стратег истакна дека цело време се пишува дека во клубот ситуацијата е лоша, се е лошо, од таму произлегувале и лошите резултати.

„Ниту читам, ниту слушам што велат медиумите. Уморен сум веќе да ги слушам и читам тие информации, нема одеднаш да почнам да менувам работи само бидејќи вие (медиумите) пишувате дека нешто во клубот не чини. Цело време велите дека во Реал е лошо, пишувате само негативни работи. Точно е дека во овие моменти ни е тешко, но не е се така негативно како што пренесувате вие.  Јасна ми е целта, медиумите повеќе се читани кога пишуваат лоши работи за Реал“, вели Зидан.

Реал Мадрид утре го пречекува Вилјареал на „Сантијаго Бернабеу“, првенствениот натпревар од 19. коло закажан за 16:15 часот. „Кралевите“ по 18 меча во шпанското првенство се наоѓаат на 4. место со 32 бода, дури 16 помалку од лидерот Барселона.

Се вчитува...