Зинедин Зидан – Најдобар француски стратег за 2017 година

Предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан втора година по ред е избран за најдобар француски тренер според „Франс фудбал“ за 2017 година.

Зидан со својата стратегија беше клучен фактор за освојувањето на пет трофеи на „кралевите“ во изминатата година. Реал испиша нови страници во фудбалската историја откако успеа да ја одбрани титулата во Лигата на шампиони, потоа застана на врвот на Шпанија по пет години пауза. Реал ја одбрани и титулата во Светското клупско првенство, додека освојувањето на шпанскиот Супер – куп, како и европскиот Супер – куп се одличјата кои ја прават 2017 година една од најуспешните на клубот.

Иако првиот дел од новата сезона е за заборав кога се работи за перформансите на неговата екипа, Зидан сака да се докаже дека е добар тренер кога неговиот тим се наоѓа во тешка ситуација.

„Сакам да докажам дека сум добар тренер и во тешки моменти. Луѓето мислат дека работата во Реал ми е лесна, дека се правам слушајќи го мојот инстинкт, но тоа воопшто не е така. Работам напорно како тренер исто како што работев напорно додека играв за овој тим. Знам дека стартот на оваа сезона не е во наша полза, но ние сме екипа составена од шампиони, сите играчи се подготвени да ги слушаат моите совети за да се поправиме и да докажеме дека петте трофеи од минатата година не се случајно освоени“, вели Зидан.

 

Се вчитува...