Зивчевиќ се сели во Катар, потпиша за Ал Ахли - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
22/11/2017 18:33
Фудбал
22/11/2017 17:40
Кошарка
22/11/2017 13:30
Фудбал
22/11/2017 11:10

Зивчевиќ се сели во Катар, потпиша за Ал Ахли

Зивчевиќ се сели во Катар, потпиша за Ал Ахли

Ненад Зивчевиќ без поголеми проблеми најде нов ангажман во странство, па крилниот кошаркар својата кариера ќе ја продолжи во Катар, како член на екипата на Ал Ахли. Зивчевиќ ланската сезона ја почна со Струмица, по што се пресели во Тунис, каде имаше забележителни настапи во дресот на Далиа спорт Громбалија. Тој имаше просек од одлични 21,5 поени и 4,2 скокови по натпревар со шут од поле од извонредни 66,6%, за што заслужено беше избран и за најдобар странец во тунискиот шампионат.

Тоа беше доволна препорака екс-кошаркарот на МЗТ Скопје и Работнички да добие понуди од бројни клубови од Азија, од кои на крајот ја прифати онаа на Ал Ахли.

Станува збор за клуб што ја заврши ланската сезона на шестата позиција, но овојпат со зголемен буџет атакува на место меѓу најдобрите четири тима во Катар.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.