Златко Јанакиевски во стручниот штаб на женската селекција

Златко Јанакиевски се приклучува во стручниот штаб на женската сениорска репрезентација, како одговорен за физичката подготовка на националниот состав, информираат од МКФ.

Јанакиевски, кој досега во својата биографија има работа со голем број домашни клубови и национални селекции, не само во кошарката, веќе има искуство со сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија, но во машка конкуренција. Во 2001 година, тој беше дел од стручниот штаб на сениорите, а во својата кариера беше дел и од тимовите на МЗТ Скопје Аеродром и на Рилски.

Покрај улогата на кондициски тренер во сениорската женска репрезентација, Златко Јанакиевски ќе им помага и на сите младински селекции на Македонија.

Се вчитува...