„Златната генерација“ која пред 30 години во Чиле го „покори“ светот... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/11/2017 17:32
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42

„Златната генерација“ која пред 30 години во Чиле го „покори“ светот…

„Златната генерација“ која пред 30 години во Чиле го „покори“ светот…

На денешен ден пред точно 30 години младата фудбалска репрезентација на Југославија во финалето на СП во Чиле славеше против Западна Германија со 5-4 (1-1) по подобро изведувањето пенали, закитувајќи се на тој начин со светската шампионска титула. Единствена титула светски шампион на било која селекција од поранешна СФРЈ во нејзината историја.

Златната генерација која ја предводеше Мирко Јозиќ, а со имиња како Лековиќ, Брновиќ, Бобан, Јарни, Просинечки, Штимас, Петриќ, Шукер, Мијатовиќ… комплетно доминираше на Светскиот шампионат во Чиле сосема заслужено стигнувајќи до трофејот. За жал, и покрај тоа што постојано беше нејзин дел низ квалификациите и подготовките, во Чиле не беше и Бобан Бабунски кој не доби дозвола за заминување од тогашниот тренер на Вардар, Андон Дончевски.

„Се сеќавам дека се подготвувавме на Игман, онака изолирани сами, без никакво внимание од јавноста. На аеродром, освен чича Миљаниќ, никој жив не не испрати. Сите ни прогнозираа брзо враќање дома“ – се потсетува на случувањата од пред 30 години, Предраг Мијатовиќ.

print formacija

Но младите на Југославија играа фантастично. Победи над Чиле (4-2), Австралија (4-0) и Того (4-1), па амбициите почнаа да растат. Пресвртот беше Бразил во четвртфиналето (2-1), а голот за победа со феноменално изведен слободен удар го постигна Роберт Просинечки.

„Пред дуелот со Бразил во четвртфиналето веќе во хотел беа спремни нашите работи спакувани за враќање во Југославија. Не верувавме дека можеме да ги победиме. Но, ете… Јас и Просинечки постигнавме голови и победивме. Тоа одекна како голема сензација тогаш во светот“ – вели Мијатовиќ, кој жали само за едно нешто:

„Штета што таа генерација не остана заедно да игра подолго затоа што потоа се распадна Југославија. Сигурен сум дека ќе бевме светски шампиони и во сениорска конкуренција“.

Потоа се знаеше дека се може до титулата. Во полуфиналето падна Источна Германија со 2-1, а во финалето и Западна Германија.

За најдобар фудбалер на првенството беше прогласен фудбалерот на Црвена Звезда, Роберт Просинечки.

„Игравме со максимална почит за тој дрес. Тоа беше нормално. Тие победи и таа титула ќе остане како најдобра страница во мојата кариера, и од емотивна и од спортска страна. Сите дадовме се од себе за да Југославија биде тоа што бидна. Беше тоа генерација од соништата, и навистина ми е мило што сите останавме пријатели и до ден денес“ – вели Звонимир Бобан.
Jugoslavija mladi
А, Југославија во таа 1987 година доминираше буквално во сите екипни спортови во младинска конкуренција. Кошаркарите предводени од Дивац, Раџа, Кукоч… без никаква конкуренција стигнаа до Светската младинска титула во два наврати победувајќи и Американците на Светското првенство во Бормио.

Младите ракометари, пак, стигнаа доминантно до светската шампионска титула во Ријека, а европски шампиони беа и ватерполистите и одбојкарите. Неверојатна година која ги извади сите тие спортисти со врвни кариера потоа. Но, сите на своја страна, а не под капата на СФРЈ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.