Златното момче Клаебо и Норвешка до златото во штафетната трка 4х10 километри

Нордиската репрезентација на Норвешка стигна до златниот медал во штафетната трка 4х10 километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Норвежаните до олимписката титула стигнаа со време од 1:33.04.9 часа, за 9 секунди подобро од селекцијата на Русија која во Пјонгчанг настапува под олимпиското знаме.

Бронзениот медал го освои Франција, пред Финска и Шведска.

Со овој златен медал, Норвешка се израмни со Германија на врвот од листата на најдобрите нации со по 9 златни одликувања во досегашниот тек на ЗОИ 2018.

Се вчитува...