Зошто Чиле не игра во Русија: Жени, алкохол, журки до зори... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Зошто Чиле не игра во Русија: Жени, алкохол, журки до зори…

Зошто Чиле не игра во Русија: Жени, алкохол, журки до зори…

Репрезентацијата на Чиле не успеа да се пласира на Мундијалот во Русија следната година… Па, домашните новинари со жестоки критики се нафрлија на репрезентативците, при што пред јавноста е изнесен целокупниот „разврат“ во кој се впуштале фудбалерите на секој репрезентативен собир.

„Собирите на репрезентацијата повеќе личеа на организација на големи журки. Па нормално е што нема да играме во Русија. Во селекцијата играат многубројни алкохоличари“ – пишуваат чилеанските медиуми, со што комплетно се согласува и актуелниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли, кој го водеше Чиле од 2012 до 2016 година.

„Знаев дека Чиле нема да се пласира на СП, затоа што таму не се контролираат некои работи. Видал е алкохоличар и мора да се лечи. Потполно е надвор од контрола. Во една прилика побара од мене да испие пиво во авион. Не му дозволив, но подоцна го видов со шише виски кое го добил од посадата. Еду Варгас исто така не може да се контролира, на секој собир доаѓаше во се полоша и полоша ситуација. Пиниља, пак, организираше журки по хотелите на кој се вклучуваа речиси сите фудбалери со многу проститутки и алкохол. Единствено Алексис беше надвор од се, не сакаше да се впушти во таков разврат“ – вели поранешниот селектор на Чиле, и дополнува:

„Јас не можев да ги контролирам, а може да замислам што сега правеле… Тоа не се спортисти. Знам дека во фудбалот има многу вакви работи, но ова беше тотално надвор од секаква контрола“.

Медиумите во Чиле најавуваат за во иднина комплетна промена во нивната репрезентација и бркање од неа на повеќе од 70% досегашни репрезентативци.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.